Скопје

Ученик нападнат со нож во средното училиште „Арсениј Јовков“

18-годишно момче вчера во претпладневни часови во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на три најверојатно, сите малолетни деца, било нападнато со нож, соопшти полицијата. По ова тројцата напаѓачи физички нападнале и други уште тројца ученици, додаваат од МВР.

„Во 11 часот и 15 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ од страна на Е.Џ. на возраст од 17 години, 16-годишниот А.Б. и уште едно лице со употреба на нож бил нападнат 18-годишниот С.Р. од Скопје, а потоа физички нападнале уште тројца ученици на возраст од 17 и 18 години, по што го напуштиле местото на настанот“, се наведува во соопштението на полицијата.

С.Р., велат од полицијата по нападот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток