Македонија

38% од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во петокот и саботата дадени се вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се прва доза, 1.163 се втора, а 2.061 граѓанин примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 21 ноември, вкупно се вакцинирани 822.751 граѓанин, втора доза примиле 789.905, а трета – 63.137 граѓанин. 57 % од граѓаните над 40-годишна возраст се целосно вакцинирани, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 % , а со две дози опфатени се 47 % од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 39 % од целата популација во нашата земја се вакцинирани, а 38 % од популацијата во државата примиле две дози вакцина, велат здравствените власти.

На почеток