Актуелно

Пецаков: Објектите на охридските плажи не се дивоградби

Новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека Општината ќе спроведе активности за уредување на начинот ка кој ќе се стопанисува со плажите на Охридското Езеро. Тој вели дека сите објекти и урбана опрема на плажите каде изминатиот период беше интервенирано за нивно отстранување, биле изградени со проекти прифатени од Министерството за транспорт и врски, со забелешка дека тоа не се дивоградби.

„Тоа не се дивоградби, туку неспособност на локалната самоуправа да го реши проблемот и да го утврди начинот на концесионирање и за тоа како треба да изгледаат. Не станува збор за дивоградби, туку за проекти врз основа на кои плажите беа издадени под концесии. Проблемот е во тоа што претходната локална самоуправа и централната власт од 2017 година наваму не најдоа за сходно да ги решат концесиите“, рече Пецаков.

Според него, плажите ќе бидат уредувани согласно препораките на УНЕСКО.

На почеток