Актуелно

Меѓу жртвите има над 10 деца, дури и двајца близнаци

Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.

Македонскиот автобус синоќа околу 21 часот влегол во Бугарија од граничниот премин „Капитан Андреево”.

Според првичните информации загинале 45 македонски државјани, а 7 преживеале. Трагично е, додаде Стаев, што меѓу загинатите има и деца, дури и двајца близнаци. Од преживеаните шестмина имаат изгореници на лицето и горниот респираторен тракт, а седмата жртва се здобила со скршеница на бутот и била примена на Трауматологија.

Неофицијално над 10 се деца, додека пак и другите лица биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд.

Први фотографии од запалениот автобус со десетици загинати и податоци за неговата брзина

(ВИДЕО) Се преврте и запали автобус со македонски туристи, загинаа 46 луѓе

На почеток