Коментари

Додека глумиме систем, ќе има трагедии, вели д-р Лазаров

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека како и секоја друга трагедија, за некој ден ќе биде како ништо да не било.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Животот не кошта ни пет пари во земјава.
Како и за секоја друга трагедија за некој ден ко да ништо не било, ниту ќе има одговорност.
Што е уште потрагично освен одговорност, нема да има ни промени.
Се додека глумиме систем, ќе има трагедии во кои секој може да биде жртва а во меѓувреме сите сме соучесници.
Сочувство до семејствата на загинатите, ова е страшна трагедија“, стои во објавата.

To Top