Македонија

Бугарска новинарка со детали за трагедијата, немало втор возач во автобусот

Гориво купено во Турција, каде е поевтино отколку во Македонија и во Бугарија, имало во автобусот што настрада утринава на автопатот Струма, при што загинаа 46 лица.

Новинарката Патриција Кирова за ТВ21 сподели првични сомневања за причините за несреќата.

„Тоа  гориво се запалило и е една од причините за несреќата. Сите загинати во несреќата биле на средна врата во обид за спас, немало ниту еден на седиштата“ вели таа.

Кирова сподели и информација дека немало втор возач во автобусот кој патувал од Истанбул до Македонија.

На почеток