Македонија

Нефи Усеини ќе размисли дали ќе се повлече од охридскиот совет

Нефи Усеини нема одлучено дали ќе го врати советничкиот мандат или ќе остане советник во Општина Охрид. На денешната седница, тој се појави и му беше верифициран мандатот. За повлекување, по негово барање, може да се одлучува на наредна седница. Сепак, Усеини вели дека огранокот на ДУИ во Охрид ќе донесе одлука дали тој треба да продолжи да делува во советот.

„Денес добив верификација на мандатот. Не сум уште решен дали ќе дадам оставка. Ако дадам оставка, оваа недела или наредната, ќе бидете известени. Не давам оставка бидејќи ќе имаме состанок во партијата и ќе заземе став како ќе се одвиваат понатаму работите. Немаме одлука како ќе се позиционираме во советот или коалиции. Нашата голема коалиција е со СДСМ, а за локална власт, ќе видиме. Јас не можам да дадам одговор за ова, бидејќи над мене претседателот на ДУИ. Ние сме двајца советници од ДУИ. Ние сме ДУИ не сме ВМРО ни СДСМ. Не можам да кажам дали ќе поддржиме некоја од партиите“, рече Усеини.

На почеток