Седум дена ќе трае процесот на идентификација на жртвите
Од
Објавено на
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека е започнат процесот на идентификација на телата на жртвите од страшната сообраќајна несреќа и истиот ќе трае седум дена.
„Во тој процес нашите експерти се активни. Побараа помош и се договоривме во делот на забрзување на собирање на билошките материјали, постапка која што МВР веќе се прави во Скопје и очекуваме да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација“, истакна Османи.
На вчерашната владина прес-конференција беше соопштено дека пренесувањето на телата ќе биде на товар на државата