Македонија

Одговорноста е најважна да се утврди, реагира Спасовски кој најави одговорност за автобуската трагедија

Во интервјуата за хрватската РТЛ и црногорската РТЦГ истакнав дека за утрешниот ден бугарските истражни органи најавија обраќање со првични резултати од истрагата за автобуската несреќа, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук – профил.

– Врз основа на резултатите од истрагата ќе постапиме, гарантирам дека органите ќе реагираат брзо и ефикасно. Идентификацијата на загинатите е започната, а на истата работат заеднички тимови од институтите за судска медицина од Република Северна Македонија и Република Бугарија, при што македонската страна учествува во обезбедување на ДНК материјал од роднините на загинатите, објави Спасовски.

Според најавите на бугарските власти, напиша Спасовски, целиот процес може да заврши за седум дена, по што ќе бидат пренесени посмртните останки на жртвите.

– Одговорноста е најважна, да се утврди одговорноста и да се сносат последици, за да не се повтори ваква ситуација. Апелирам да не се изнесуваат шпекулации во јавноста, за да не наштетат на истрагата.

Официјална информација е дека денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го потпиша одземањето лиценца за работа на превозникот Беса-Транс, објави на фејсбук министерот Спасовски.

На почеток