Скопје

СДСМ: Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснил по однос на иницијативата и не закажал седница што е незабалежано во праксата, обвинуваат од СДСМ откако вчера нивната советничката група и ДУИ поднесеоа иницијатива за свикување на вонредна седница на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во автобуската несреќа.

„Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница на која прво ќе се гласа за оправданоста на итноста, а откако ќе се утврди оправданоста Советот ќе гласа по однос на точките од дневниот ред.

Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина, што побрзо да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот, затоа што нема потреба за такво нешто“, се наведува во партиската реакција.

Според СДСМ, Славески очигледно не наоѓа разбирање за ситуацијата или пак свесно калкулира.

На почеток