Свет

(ВИДЕО) Со калашников изрешетан автобусот во Косово, тројца загинати, меѓу нив две деца

Најмалку четири лица загинаа во пукање врз автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани. Во автобусот е пукано од калашников јавува Економија онлајн.

Возачот и кондуктерот на автобусот загинале на лице место, а подоцна на повредите им подлегнале двајца тинејџери на возраст од 17 и 18 години.

Автобусот сообраќал од Дечани кон Глоѓане, а пукањето се случило околу 19 часот.

-Според информациите со кои располагаме има сомнеж дека дошло до пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени, соопшти полицијата од Пеќ.

На почеток