Магазин

(ВИДЕО) Хрватската дива, Кесовија му запеа на Макрон

Хрватската дива Тереза Кесовија откри дека им пеела на Емануел Макрон и на Французите на свечениот ручек во загрепскиот хотел „Еспланада“.

На барање на новинарите Тереза ​​ја испеа француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја чуе на ручекот на кој присуствувале стотина познати Хрвати.

За посетата таа изјави: „Првин на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“. Кесовија беше и остана легенда што има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.

На почеток