Се потврди дека другарот на Заев ќе се кандидира за негов наследник
Од
Објавено на
Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите, за Фокус изјави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ.
-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски во изјава за Фокус.