„Кога се гласаше недоверба докажавме стабилно мнозинство“, Груби очекува уште поголемо мнозинство во Собранието


Стабилно и поголемо парламентарно мнозинство, најавува Артан Груби, а за предвремени избори според него, може да се зборува во 2024 година, заедно со претседателските.
Прашан кој е 61-от пратеник кој ќе ги поддржи во Собранието, тој не откри име и рече: „Тој е еден од 120 пратеници во Собранието. Сите пратеници кои сакаат развојна и прогресивна Македонија се добредојдени. Не е време за кризи. Време е да ги засукаме ракавите и да испорачаме“.
„Ги видовте ставовите на СДСМ и Алтернатива. Ние од старт кажуваме дека парламентарното мнозинство е стабилно и ќе продолжи. Тоа го прикажавме на денот на гласање недоверба во Собранието. Ги убедивме граѓаните дека е неуспешна иницијативата на опозицијата. Очекуваме и други политички партии да се приклучат кон парламентарното мнозинство и да не станат дел од мрачните сценарија“, рече Груби.
