Груби не го дава Заев во идниот период
Вицепремиерот Артан Груби смета дека Зоран Заев е потребен во Владата во наредниот период, па затоа, неговата оставка ќе треба да почека. Според Груби, партијата ДУИ ја почитува одлуката на СДСМ за избор на нов претседател на владејачката партија.
„Во однос на оставката на Заев таа е доставена до партиските органи, тоа е партиско прашање. Го почитуваме и им посакуваме успех на внатрепартиските избори. Ќе ја прифатиме одлуката на членовите за новиот лидер на СДСМ. Во однос на оставката од премиерското место, сметаме дека треба да се почека. Има многу важни прашања во месеците кои следат. Заедно со Заев на чело на Владата ќе треба да ги дочекаме и испратиме тие процеси, вклучително и дијалогот со Бугарија за да се откочи патот за отпочнување на преговори за ЕУ“, кажа Груби.