Актуелно

Почина партнерот на Бекута, Милутин Мркоњиќ

Српскиот политичар и пратеник Милутин Мркоњиќ почина во Белград на 79-годишна возраст, откако ненадејно му се влоши здравствената состојба.

Милутин Мркоњиќ, политичар и долгогодишен партнер на пејачката Ана Бекута, ја загуби најтешката борба во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, каде што се лекуваше последните недели поради тешки срцеви проблеми.

Состојбата на Мркоњиќ нагло се влоши минатиот четврток на 18 ноември, а лекарите тогаш објавија дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Да потсетиме, тој претходно, на почетокот на ноември, заврши на клиниката за кардиоваскуларни болести во Белград, каде што беше поставен пејсмејкер.

Ана Бекута беше со него до последен момент и секој ден го посетуваше на клиниката. Тие двајца се заедно 10 години.

Претходно, Мркоњиќ беше во брак со сопругата Драгана од која официјално никогаш не се разведе.

На почеток