Македонија

Пет дена да се поднесат барањата за да се поднесат барањата за амнестија

Собранието вчеравечер по скратена постапка го донесе Законот за амнестија откако претходно вчера  Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност за тоа што ќе биде опфатено со него.

Тој е донесен пред да бидат донесени пресудите за насилствата од 27 април минатата година, што е кон крај.

Обвинетите имаат рок од пет дена по донесувањето да поднесат индивидуално барање до Судот и јавното обвинителство, кои се надлежни за случајот.

Законот беше донесен со 95 гласа „за“, без против и воздржани. Го поддржаа и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Панчо Минов, кои се придружија на листата предлагачи.

Амнестијата за случувањата во Собранието на 27 април 2017 нема да ги опфати организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата со фантомки кои извршиле насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања.

Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ, се согласија вчера членовите на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток