Актуелно

Притвор за пет одговорни лица за рударската несреќа во Русија

Судот во Сибир им одреди двомесечен притвор на пет одговорни лица, кои се соочуваат со обвиненија поврзани со рударската несреќа во која неделава загинаа 51 лице.

Тројца менаџери во рудникот за јаглен Листвјажнаја во регионот на Кемерово, меѓу кои и генералниот директор, се приведени поради непочитување на прописите за индустриска безбедност, изјави портпаролот на регионалното обвинителство, пренесува Ројтерс.

Двoмесечен притвор судот им одреди и на двајца безбедносни инспектори, кои овој месец издадоа потврда за рудникот, без да излезат да извршат увид во објектот.

Во експлозија на метан во рудник за јаглен во Сибир загинаа 51 лице, меѓу кои пет спасувачи, соопшти локалната администрација.

Министерството за здравство денеска соопшти дека 60 лица се во болница поради повредите здобиени во рудникот, јави агенцијата ТАС.

На почеток