Македонија

Преспанскиот договор е вреден за Нобелова награда

Договорот од Преспа е единствената добра вест од Европа годинава и ја покажува волјата на двете страни да направат отстапки со цел да се најде решение и да се стави крај на овој долгогодишен конфликт. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример за светот дека дијалогот е можен. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија, истакнува меѓу другото во интервју за МИА добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи, пренесува Плусинфо.

Бушамауи вчера заедно со грчкиот европратеник Стелиос Колуглу ја објави номинацијата на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобелова награда за мир во 2019 година. Двајцата од Скопје заминуваат за Атина за и таму да ја претстават номинацијата.

Како вашата иницијатива е важна за Договорот од Преспа?

– За мене како добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со колегите од Туниската четворка за национален дијалог, ја добивме идејата да се справиме со проблемите преку дијалог, да избегнеме конфликт и најдеме решенија. За нас дијалогот претставуваше единствениот начин. Сметам дека тоа што е постигнато тука во Македонија и Грција е исто, претставува дијалог меѓу политичари и влади со цел да се избегнат конфликти и проблеми. Затоа сум тука да го поддржам овој мирен начин на изнаоѓање на решенија.

Нели сметате дека иницијативата е прерана, со оглед дека Договорот сѐ уште чека да биде ратификуван од парламентите на двете држави?

– Јас сум сигурна дека тоа ќе биде направено, бидејќи се сретнавме со пратениците, претседателот на Собранието на Република Македонија и многу други луѓе, кои се согласни и ја поддржуваат оваа иницијатива. Сметам дека ќе биде модел за регионот и пример дека дијалогот е можен.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток