Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Милошоски, одговори на обвинувањта од СДСМ

„Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ лобираат за Македонија, додека Груби и функционерите од СДСМ/ДУИ работат против државата. Груби со своите несреќни изјави ја втурнува државата во паника. Ги слабее позициите на Македонија и не става на отстрел како држава. Зоран Заев и луѓето околу него кои велеа дека Македонците се Бугари и дека зборуваме ист јазик, измислија проблем кој го немаше“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на СДСМ.

„Сега имаме проблем кој е создаден од Зоран Заев лично. Ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија е причинет лично од Заев. Се оспоруваат работи и се даваат предлози кои се надвор од здравиот разум. Македонија заслужува почеток ма преговори. Не заради Заев или Груби, туку заради народот. Граѓаните не смее да чекаат предолго народот очекува. ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите контакти и можности да лобира за Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски лобира против почеток на преговори со ЕУ, обвинуваат од СДСМ

На почеток