Скопје

(ФОТО) Стојкоски воодушевен од младите ѓорчепетровци: На сцената наречена живот, сите ние сме актери, прекрасна претстава!

Со цитатот „На сцената наречена живот, сите ние сме актери”, градоначалникот на Ѓорче Петров ги пофали младите актери кои беа дел од театарската претстава „Ништо не е страшно“. Тој присуствуваше во Домот на културата во Општината, а по претставата, кажа дека како прв човек на Ѓорче Петров ќе продолжи да работи за заживување на театарската сцена.

„Прекрасно беше да се биде дел од оваа Театарска претстава „Ништо не е страшно“ на Театар ПИ и ми е многу драго што успеавте на еден навистина реален, но сепак забавен начин да не вклучите и нас присутните да се почувствуваме како дел од вашата претстава. Посебно ме радува тоа што сте вклучени вие, нашите деца од основните училишта во Ѓорче и ја негувате уметноста, културата и инклузивноста. Општина Ѓорче Петров како и досега ќе продолжи да ве поддржува за да ја заживееме театарската сцена во нашето Ѓорче. Потребно е само љубов, посветеност и желба“, напиша Стојкоски.

На почеток