Законот за амнестија е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Истиот беше изгласан со 95 гласа „за“, а немаше воздржани или пратеници кои гласале против.
За да стапи во сила, Законот за амнестија треба да биде потпишан, а потоа објавен во Службен весник.
Според нашите информации, Собранието по седницата го испратиле законот кај Иванов.
Законот ќе амнестира дел од лицата инволвирани во настаните од 27 април.