Свет

Франција воведе задолжително тестирање за ковид, за патниците надвор од ЕУ

Патниците кои доаѓаат во Франција надвор од Европската Унија мора да имаат негативен тест за Ковид-19, без оглед на нивниот статус на вакцинација, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Овој потег е дел од серијата мерки за борба против новото зголемување на бројот на инфекции, како и поради новооткриената варијанта на вирусот – омикрон, пренесува „Ројтерс“.

Атал рече дека одлуките за патување во ЕУ ќе бидат координирани од европските водачи оваа недела.

На почеток