И додека “Нема правда, нема мир” одекнуваше по скопските улици поради аболицијата на Хорхе, силно се чувствуваше таа желба за правда на ова парче земја.
Правдата е мисловна именка, нешто имагинарно на овие простори. Правдата е предмет на стокова размена, тргувана како да се работи за услуга, а не за вредност околу која треба сите да сме обединети.
И додека "Нема правда, нема мир" одекнуваше по скопските улици поради аболицијата на Хорхе, силно се чувствуваше таа…
Posted by Mitko Teoharov on Tuesday, December 18, 2018
Денес не гледам повици за протест пред Собрание, како што беше тогаш пред СЈО. Денес не гледам повици дека државата и нејзината иднина се загрозени поради законот за амнестија?! Удобно во фотељите дечки а?! Комфорно, топло, башка фаќате и гага, екстра ви е. Ама до кога? Ќе си останете сами со вашите фотељи, дилови и вечба борба да зграпчите некое евро кое е останато како “вишок”, од некоја набавка.
И така, фино лепо денес Собрание си изгласа Закон за амнестија каде кажува кој ќе биде амнестиран по дефиниција, но и остава простор секој да си се пријави и да добие мислење дали му следува на него или не. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Замислете, Собрание (законодавна власт) си зима за право во тек на судска постапка да донесе закон со кој на ЈО (јавно обвинителство) му дава за право да одлучува кој во која категорија припаѓа?! Режија, се слушаме?! Обвинителството, кое поднесува/изведува докази пред надлежен Суд кој по нив одлучува, сега ќе одлучува кој за што е одговорен.
Дечки, а зошто како Собрание фино лепо не си искуцавте една пресуда? Онака, да ја личи. Мислам дека тој дел од мозаикот недостасува за државава да биде своја на своето.
И да, сликава вреди 1.000 збора…
Митко Теохаров – Фејсбук статус
