Нема договор, но има напредок во преговорите меѓу Заев и Гаши

Од
Објавено на

Четири часа траеше средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Тие не кажаа што зборувале на средствата и дали договориле ресори. Заедно го напуштија Клубот на пратеници, се поздравија пред вратите и заминаа.
„Можеме да ви кажеме дека имаме напредок, следуваат консултации од нашите партии. Ќе има известување од партиите, од Влада“, рече Гаши.
Засега нема информција зошто нема конечен договор и каде се закочени преговорите.
