Стружани фатени со дрога во автокамп Охрид
Од
Објавено на
На 01.12.2021 околу 21.00 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода М.М.(34) и М.К.(24), двајцата од струшкото село Драслајца. При преглед на патничко возило „форд мондео“, со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена марихуана.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.