Уапсен 26-годишник од Свети Николе
Од
Објавено на
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.В.(26) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во текот на април 2021 година, Ѓ.В. кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Штип набавил хероин заради продажба на нарко зависници во затворот и му бил пронајден од затворските службеници.