Македонија

Ќе има ли дожд во текот на денот

Времето денес ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне вдолж Повардарието.

Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне умерено до значително облачно со повремено умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ветерот ќе ослаби. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

На почеток