Тинејџери шверцувале мигранти
Кај наплатна рампа Смоквица синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.Д.(19), кој управувал патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет лица мигранти.
Како што соопштија денеска од МВР, од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани.
„Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица, за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка“, се наведува во соопштението.