Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Во недостиг на ефикасни мерки за справување со економската и енергетската криза, од центарот за комуникации на СДСМ излегуваат банални соопштенија. Центарот за комуникации на СДСМ најмалку треба да пишува за режим, бидејќи во СДСМ на големо владее. Очигледно е дека нивниот претседател Заев со СДСМ се однесува како да е нејзин сопственик. Нивниот претседател Заев воспостави режим во СДСМ, па назначува наследник – управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира заевизмот во СДСМ. Единствено најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред. Заевизмот е најголема закана за граѓаните и Македонија. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Зоран Заев. Тоа единствено може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.