Од УЈП велат дека се подготвени за имплементација на новите законски решенија. Пристапот до приливите на сметките на граѓаните им е потребен за подготовка на Годишната даночна пријава, која од наредната година ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или корегираат.
„Носителите на платен промет се должни да доставуваат до Управата за јавни приходи податоци за приливи на средства на сметки на физички лица, а на писмено барање согласно и постоечкиот Закон за управата за јавни приходи, носителите на платен промет се должни во секое време да достават податоци согласно барањето. Управата за јавни приходи податоците ги користи исклучиво за даночни цели.- велат од УЈП.
Од Министерството за финансии велат дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени. Тврдат дека и законот за банки и законот за УЈП се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци.