Во разговорот на Путин и Бајден имало и шеги
Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и духовити забелешки.
Ова пред печатот го откри помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„Разговорот траеше два часа, го снимавме времето. Претседателите разговараа точно два часа во формат на затворена видео конференција“, изјави Ушаков, а пренесува руската агенција ТАСС.
„Разговорот беше доста отворен и деловен, но во исто време имаше шеги и размена на духовити коментари. Тоа беше нормален разговор меѓу двајца сериозни лидери кога се разговара за сериозни прашања и кога се поставуваат чувствителни теми“, изјави помошникот на рускиот претседател.
Според него, лидерите на САД и Русија направиле неколку шеги, додавајќи дека мудрите луѓе знаат долгата фраза или идеја да ја претворат во кратка, претворајќи ја во шега.