Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ш.(29) од Р. Албанија за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.
Во периодот од 30.10.2018 до 13.12.2018 година во село Пирок и во Тетово, пријавениот заедно со уште едно непознато лице, извршил тешка кражба во верски објекти – џамии, така што со употреба на физичка сила и погоден предмет делувале на влезните врати од објектите, влегувале внатре и одзеле околу 22.000 денари.