Скопје

Данела Арсовска искарана доби препорака да си земе искусен ПР

Јорданка Ивановска-Јоци, критичар на состојбите во Македонија, и порача на градоначалничката Данела арсовска да си земе поискусен ПР, за да Град Скопје срочи пристојно соопштение. Ова доаѓа откако имаше препукување помеѓу Град Скопје и Министерството за внатрешни работи, бидејќи пред два дена, сообраќајот беше во колапс поради исклучени семафори.

„#Данела #Арсовска преку ПР тимот (ако воопшто го има) убаво би било да им објасни на скопјани и на МВР што е Центар за контрола и управување со сообраќај (ЦУКС) кој го отвори #Коце. Преку ЦУКС се управува со семафорите во градот и секое исклучување од МВР го пореметува сообраќајот и ,,зелениот бран” во градот. Тоа е скапа компјутерска опрема која ги управува семафорите, не може кому ќе му текне да ги исклучува Или Арсовска ќе си земе искусен ПР конечно за да ги научи оние 15 постојни лица во одделение за да срочат пристојно соопштение или господ напомош!
А, ПР, задолжен за комуникација со јавноста, не се купува на пазар кај празот и везените пиперки. И ПР конечно не е – приучен новинар со завршен факс за туризам или некој со два курса за готвење кој пишувал рецепти по портали.
И ова важи за сите нови градоначалници. Јас не влегувам во ниедна комбинација, ако на некој му прелета мисла, затоа што јас сум ТОП ГАН“, напиша Јоци.

На почеток