Скопје

Три тепачки, едно дете нападнато и кражба на улица во Скопје

На 09.12.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.К.(46) и Д.П.(29), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 09.12.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во куќа сопственост на А.М. во населба Гоце Делчев, Скопје, по претходна расправија бил физички нападнат од П.Б. и А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, Е.Х.(44) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот во двор од основно училиште на подрачје на Шуто Оризари, Х.Б. упатил закани и се обидел да го повреди со тврд предмет нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Б.Ќ.(28) од Скопје пријавил дека на 08.12.2021 околу 16.00 часот на Плоштад Македонија едно лице со закана му одзелo ранец со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток