ФОТО: Пред Стража нема кој да го чисти снегот, закочен сообраќајот
Голем застој има на патот кон Стража, пред кривината која води кон Маврово. Десетици возила утрово беа заглавени на овој патен правец.
Голем дел од нив немаа зимска опрема, па беа принудени да местат ланци поради снежните наноси и големата снежна прекривка. Поради минусните температури, патот беше заледен, па се лизгаше. Возачите беа нервозни поради тоа што беа принудени да чекаат.
Застој на кривината Маврово – Охрид… pic.twitter.com/bKyT9ISNSA
— шиликурант (@shilikurant) December 11, 2021
Поради обилните врнежи од снег на планинските превои е забрането движење на тешки товарни возила, за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, информира АМСМ.
На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража од 2.40 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.
На патниот правец Кичево-Пресека-Охрид поради обилни врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила е воведена од 4.30 часот .
Забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси има и на патниот правец Тетово- Попова Шапка.
Поради обилни врнежи од снег во 9часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на магистралниот пат Струга – Ќафасан.
За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Според АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.