Скопје

Приведен крадец од Скопје

На 10.12.2021 полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР Чаир го привеле А. Ѓ. (21) од Скопје, поради сторени кривични дела “тешка кражба” и “кражба” на подрачјето на Шуто Оризари, на 01.12.2021 во куќа на ул. „Хаџи Јован Шишков“ и на 10.12.2021 во куќа на ул. „Злетовска“. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а против А.Ѓ. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На почеток