Свет

Лидерот на лабуристите среде парламент ја нарече глупача Тереза Меј

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин ја нарече премиерката Тереза Меј “глупа жена” на денешната седница на парламентот, пишуваат медиумите.

Неговата забелешка, која не била слушната, но била кажана, беше снимена од телевизиски камери за време на седницата за прашања и одговори што се одржува во британскиот парламент секоја среда, објави „Ројтерс“.

Корбин на седницата непрекинато ја напаѓал Меј поради нејзината одлука да го одложи гласањето во парламентот за договорот за брегзит.

Меј му порача на Корбин дека тој нема да ја има поддршката од членовите на неговата партијата за прашањето за ЕУ.

„Имам совет за господинот – погледнете зад себе! Тие не се импресионирани, ниту, пак, е земјата”, му порача Меј на Корбин, по што, според дел од оние кои биле присутни, Корбин тивко рекол „глупава жена”, пишува „Ројтерс“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток