Свет

Конзерва „кока-кола“ реши случај на убиство стар 30 години

На маж од САД ќе му биде судено за убиство што го извршил во 1989 година кога колешка од работа му зеде ДНК од фрлената конзерва „кока-кола“ и им помогна на детективите да го решат случајот.

Тимоти Бас (51) од државата Вашингтон го очекува судење за силување и убиство на 18-годишната Аманда Ставик, која исчезна откога отиде да трча во близина на својот дом, објави „Вашингтон пост“.

Телото на тинејџерката беше пронајдено три дена по нејзиното исчезнување, но убиецот остана нерешена мистерија речиси три децении.

Но, во август минатата година се случи пресврт кога колешката на Бас дозна дека тој е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет е непознат за јавноста, чувствувала морална обврска да помогне во истрагата.

Кога Бас завршил со ручекот, таа тајно ги зела неговата конзерва „кола“ и пластичната чаша и им ги предала на детективите, кои веднаш ги испратиле во лабораторија.

Резултатите покажале поклопување на ДНК од конзервата со оние на местото на злосторството.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток