Актуелно

(ВИДЕО) Тања Савиќ со „Македонско девојче“ ја крена публиката на нозе

Српската пејачка Тања Савиќ викендов пееше во кафулето „Де Факто“ во Гевгелија. Таа ја крена публика на нозе со песната „Македонско девојче“. Гостите пееја заедно со неа, но се забавуваа и со хитовите на Савиќ.

Сепак на Твитер имаше поделени мислења. На едни не им се допадна како Тања ја испеала песната и во што била облечена. Други ја пофалија.

„Во турбофолк верзија по гаќи! Море марш“, „Гаќи, гаќи, ама гледај нога“ пишуваат во коментарите.

На почеток