Српски комунисти бараат да ѝ се забрани на Карлеуша да пее за Нова година
Сојузот на комунистичка младина од Југославија, SKOJ, побарал од надлежните во Собранието во Белград од листата на изведувачи за концертот за Нова година, кој го организира градот, да ја тргнат Јелена Карлеуша, затоа што нејзините песни немаат никаква уметничка вредност.
Од СКОЈ најавија дека своето барање ќе ѝ го достават до градоначалникот на Белград Горан Весиќ. Тие велат дека Карлеуша е промотор на глупости и кич и дека е позната по нејзините скандалозни изјави и навреди и ќе бараат да не настапи пред Домот на Народното собрание.
„Со оглед дека Јелена Карлеуша ги нема потребните музички квалитети и популарност и текстовите во нејзините песни не промовираат креативна уметничка содржина, не постои причина таа да настапи за Нова година и да добие голем хонорар од парите на граѓаните на Белград“, пишува во соопштението на СКОЈ.
Истата организација предложила да се донесе соодветен закон кој ќе ги оданочи сите музичари и публицистички изданија, како и медиумските содржини како реалните телевизиски шоуа, кои претставуваат кич.