Актуелно

Калиопи за Есма: Не го заслужи ова, срамно е колку сме недостоинствени и без почит

По повод пет години од смртта на кралицата на ромската музика Есма Реџепова, во емисијата „Бектејџ“ посветена на Есма, Калиопи зборуваше отворено и без суета.

Калиопи со најголема љубов и силни емоции ја раскажуваше својата релација со оваа пејачка , потсетувајќи се на најважните мигови од животот и нивната соработка на песната „Бел ден“.

„Кога ја сретнав кралицата на македонската и ромската песна, за мене таа беше синоним за светски уметник, возбуда. Си ја нарекував „Ромското бајадерче“, затоа што таа беше навистина секогаш расположена со насмевка“, изјави Калиопи.

Во интервјуто, Калиопи признава дека не знаела што се случува со куќата на Есма и во каква состојба се наоѓа истата денес.

„Овој податок не го знаев и е срамно за нас доколку сме дозволиле да се случува такво нешто. Таа не го заслужила и мислам дека тоа е само едно огледало на нас, колку сме недостоинствени и без почит“, вели пејачката.

На почеток