Актуелно

Силни врнежи од снег на Плетвар, воведена забрана за камиони

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни причини, од 17:15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Поради можност за намалување на носивоста на еден ред столбови на мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, Општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот препорачува мостот да не се користи од товарни возила и автобуси, а за останатите учесници во сообраќајот внимателно возење и прилагодување на брзината на возење према новонастанатат

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

На почеток