Македонија

Водата во Облешево стигна до дворовите, десетина семејства заробени

Околу десетина семејства во Облешево од сношти се заробени во сопствените домови. Водата во дворовите им достигна над метар. Седумдесетгодишната Марија Атанасова и нејзиниот сопруг не можат да го пречекорат куќниот праг. Немаат леб, а надојдената вода им поплавила и дел од покуќнината, објави Алфа.

„Немаме храна, вода за пиење. Се ми е поплавено. Вреќи со ориз, а немам ниту гумени чизми да излезам надвор. Побарав помош од Општината, прво што барам е да ми донесат чизми“, рече Атанасова.

Обилните врнежи од дожд на виделина ги извадија сите недостатоци и неодговорноста на одредени институции. Жителите гневни, прстот го вперуваат во Водостопанство-Брегалница. Тврдат дека причина за поплавите се неисчистените канали.

„Имаме околу десетина куќи кои се во многу лоша состојба. Луѓето не можат да си купат леб, вода“, изјави Тони Максимов, жител на Облешево.

„Секоја година е вака.При секое поголемо надоаѓање на водата ми се поплавува нивата. Ова е срамота, треба да се реши некако да се доправи каналот, но и да се исчисти како што треба“, рече Бранко Ѓоргиев, жител на Облешево.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток