Елката во кабинетот на градоначалникот во Гази Баба, ја китеа деца од основни училишта
Од
Објавено на
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, зема деца од основни училишта за да ја накитат елката кај него во кабинет. За тоа, тие добија пакетчиња.
„Заедно со дечињата од неколку основни училишта од територија на општина Гази Баба, направивме китење на новогодишната елка која е поставена во мојата канцеларија. На дечињата им подарив, новогодишни пакетчиња. Со денешната активност, започнуваат низа на општествено одговорни активности, кои под мое покровителство ќе се организираат по повод новогодишните и божиќните празници“, напиша Бобан Стефковски.