Македонија

Јавната администрација нема да добие К-15 следната година, вели Бесими

Во буџетот за 2022 не се планирани дополнителни средства за К-15 во јавниот сектор, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими

„За 2021 година има пари што се планирани со ребаланс на буџетот, а за 2022 година нема пари за К-15 за администрацијата“, рече Бесими

Во неделата Сојузот на синдикатите протестираше, а меѓу нивните барања беше и исплата на К-15 за сите работници, односно во приватниот и во јавниот сектор. Бараат минимален регрес од 30% од просечната плата и максимум 100% зависно од можностите на институциите.

На почеток