Македонија

Угина лисицата што се продаваше за 2800 денари

Пред три дена до Здружението за заштита на правата на животните „Анима Мунди“ пристигнала пријава од граѓанин за продажба на лисица преку Фејсбук за 2.800 денари. Денес тие соопштија дека животното угинало и реагираат на неангажираноста на институциите да го расчистат случајот.

„Ќе имаше шанса да се спаси ова животно во секоја нормална европска држава, но не и во Македонија!

Почитувани, На ден 12.12.2021 година до нас стигна пријава од загрижени граѓани за продажба на диво животно од видот лисица за 2,800 денари и контакт телефон на “трговецот”.

Животното на сликата како што можете да видите е во ужасна состојба, измачувано, видно повредено и облеано во крв, изврзано со два метални ланци , стрес и страв кој не може, а да не се види во неговите очи. Веднаш постапивме и започнавме со пријавување до надлежните институции:

Ловен инспекторат надлежен за законот за заштита на диви животни, Агенцијата за храна и ветеринарство надлежна за спроведување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Министерството за внатрешни работи надлежни за Кривичниот закон.

Во сите пријави доставивме податоци за сторителот, адреса и телефонски број со надеж за брзо постапување со цел животното да се спаси , да го извлечеме живо.

Најбрз но оскуден одговор добивме од Агенцијата за храна и ветеринарство каде што тамошниот инспекторат надлежен за ваков случај не упати до останатите две институции без никаква намера да постапи по пријавата, иако инспекторатот при оваа институција има право и надлежност да изврши инспекциски надзор, утврди дали пријавата е веродостојна и покрене постапка за санкционирање на сторителот со дополнителна надлежност да ги извести сите останати релевантни институции за истите да покренат постапка.

Во доцните часови и обесхрабрениот одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел да ја извадиме лисицата жива, пробавме да стапиме во контакт со прилепската полициска станица – залудно – во Прилеп немате каде да се јавите ако итно ви е потребна полициска помош, затоа што телефонскиот број им е до ден денес недостапен.

Утрото, за наше големо жалење и огромна штета за фауната на нашата држава, добивме информација дека лисицата е веќе мртва. Еден прекрасен и несреќен живот угинал мачејќи се во сопствената крв заради суровоста на еден човек и неспособноста на ова бирократизирано општество и нефукнционални институции.

Ова е само еден свеж пример за трулоста на надлежните институции и процесите кои се однапред предодредени да минат низ бесконечен бирократски лавиринт и завршат без успех, кои се причина на недовербата и обезхрабреноста на граѓаните да превземат било што и пријавуваат. Животни и животи се трагично изгубени заради помош што не стигнала, или стигнала прекасно.

Сакаме да ве известиме дека како и досега ревноносно ке дадеме се од себе за сите надлежни институции што не покренаа ниакква постапка да бидат пријавени. Лисицата, ова несреќно животно е само една од многуте жртви на недопирливите, незаинтересираните или неспособните институции. Во нејзино име, за спас на сите останати живи битија ќе се бориме за нивните права и конечна правда“, стои во објавата.

На почеток