Димовски: Размислете за неколку сурови факти за новото вето


Пратеникот Илија Димовски се огласи на социјалните мрежи во врска со новото вето.
„Неколку сурови факти за новото вето…
(доколку сте припадник на “доброто” и “прогресот” нема да ви се допаднат, но ве молам размислете ги, фактите се од меѓународни институции), пишува на фејсбук поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
-Првото вето за датум не беше заради Бугарија…
– Четвртото вето за датум не е само заради Бугарија…
– Договорот со Бугарија не постоеше долго пред првото вето…
– Договорот со Бугарија не реши, а создаде проблеми…
– Преспанскиот договор не не внесе во ЕУ…
– Радев, а не Петков, одлучува за Македонија во Софија…
– Бугарија стои на истата позиција, ќе ја надградува и дополнува со нови теми, нема да ја менува досегашната…
– Бугарија си побара најмалку 6 месеци рок за нови разговори на новите теми, но и за историјата и јазикот (купува време)…
– Перцепцијата за корупција е дупло влошена…
– Во Македонија постои хибриден режим…
ЕУ агендата не смее да биде заложник за одржување на власт на неспособна Влада, пишува Димовски.
