Македонија

Беровчанка изнајмила рекетари да изнудат 10.000 евра од скопјанец

Секторот за внатрешни работи – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с. Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с. Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, велат од МВР.

На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра. Делото не било пријавено од оштетениот. Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар “Кирил и Методиј” во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра.

По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица “Македонија” каде требало да се сретне со четворицата пријавени.

На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С. се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток