Македонија

Цаноски: Ципрас со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.

„Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.
Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година.
Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.

Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор , со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко . Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” – сакам да нагласам, тоа е посебен успех .
Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите Лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски на Фејсбук.

Today in Athens, we had the opportunity to meet the Prime Minister of the Republic of Greece, respected Mr. Alexis…

Posted by Sefer Canoski on Wednesday, December 19, 2018

Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток